Volvo подготвува “еден куп” новитети до 2030 година!

205

“Шведската” aвто компанија, со Кинеска крв и капитал, Volvo, следната година, слави 100 години постоење, а во чест на овој јубилеј, подготвува вистинска производна офанзива.

Koнкретно, се подготвува лансирање на 13 нови модели, од кои седум ќе бидат наменети за западните пазари, а 6 за Кина.

Очекувано, фокусот ќе биде ставен на целосно електрични, и на хибридни возила од третата генерација.

Најавена е и целосно нова дизајнерска филозофија.

За Кина, се очекува понатамошно продлабочување на соработката со Geely со чии автомобили ќе бидат делени платформите, системките и технологијата, што логично, треба да ги намали трошоците за производство.

Реклама