Ултра популарниот Португалски фудбалер Кристијан Роналдо, на својот личен Инстаграм профил, под насловот “Ова се моите лични играчки” ја објави и се пофали со својата приватна колекција на спортски автомобили.
Сосема очекувано за спортист кој “тежи” повеќе од милијарда евра, во колекцијата се наоѓаат неколку супер скапи и ретки модели.
Меѓу нив може да се издвои модело Bugatti Centodieci, кој беше произведен во само 10 примероци и чија вредност се проценува на повеќе од 8 милиони евра.
Покрај Centodieci, Роналдо има уште неколку примероци со логото на Bugatti, меѓу кои – Chiron, Veyron, а неодамна се поднови и со еден од 250 произведени модели во светот- Tourbillon.

Понатаму, во ергелата на Роналдо има и Ferrari Daytona SP3, eден од најбараните модели од Маранело, Ferrari Monza SP1, дносед инспириран од трките во 50-те години од минатиот век.
Роналдо е горд сопственик и на Porsche Purosangue и 599 GTO, a како и повеќето врвни атлети, ништо без Lamborghini Aventador, неколку Ролс-Ројса, Бентли, два Мекларена – Speedtail и Senna…
Како што и самиот Роналдо изјави во едно интервју, “- ги имам 40 или 41 автомобил. А кога ги купувам, ги купувам за колекцијата, не за да ги возам.”.













