Заврши првиот автослалом во Скопје

331

Првиот автослалом во Скопје организиран од Националната Федерација за Историски Возила на Македонија, заврши.

Во недостаток на автомобилистички и моторспорт активности, од било каков тип, во нашиот главен град, настанот беше убаво освежување за сите фанови на октанските испарувања.

Настанот се одржа на импровизирана, но коректно поставена и како што се покажа, максимално безбедна слалом патека на паркингот кај Спортскиот Центар Борис Трајковски.

Во главна улога на настанот се најде легендата на автомобилизмот во Македонија, Мојсие Милосавлевски, кој е и Претседател на Националната Федерација на Историски возила.

Покрај улогата за главен организатор, тој и самиот се натпреваруваше на првиот автослалом на кој свое учество земаа дваесетина солидно подготвени возила.

Трката и целиот настан го проследија голем број на заинтересирани фанови.

Своја поддршка на автослаломот и на активностите на Федерацијата воопшто, му даде ексклузивниот увозник и дитрибутер на LIQUI MOLY за Македонија.

Реклама