Знаете ли што значи овој симбол на инструмент таблата?

114

На инструмент таблата на секој автомобил, особено кај поновите кои имаат огромен број на сензори, може да се запалат голем број на сијалички.

Истите, најчесто имаат задача да предупредат на нешто – недостаток на гориво, недостаток на течност во разладниот систем, слаб акумулатор, слаб притисок во гумите, а некои имаат и сериозна функција – да алармираат и сигнализираат за посериозен дефект.

Од толку многу сигнали и знаци, возачите неретко се збунуваат и не знаат што треба да направат ако се запали некој од индикаторите.

Таква ситуација се разви на платформата X.

Една девојка постираше фотографија на која се гледа сино водено знакче, со едноставен коментар – што значи оваа сијаличка?

Се разбира, се развија многу коментари, најчесто комични.

Во еден од коментарите некој напиша ” Изгледа како чамец. Веројатно знали дека можеш слободно да пловиш.. или нешто така…”, што секако предизвика бура на смеење.

Во принцип, оваа сијаличка покажува дека температурата во моторот станала превисока, а нивото на разладна течност во моторот не е доволна и треба да се надополни.

Во превод, ако не дополните разладна течност, моторот може да се прегрее и да се расипе.

Превземено од AutoExperts.

Реклама