Упорните Кинески компании, откако сериозно ја разнишаа светската автомобилска јавност, најдоа нов фокус за својот развој.
Овојпат, Кинеската авто компанија Geely заедно со Afari Technology, и CaoCao Mobility, на Саемот за автомобили во Пекинг го промовираа првиот прототип на кинеско роботакси, под работно име EVA Cab.

Возилата од овој проект се автомобили со автономија ниво 4, кои треба да почнат масовно да се произведуваат следната, 2027 година.
Дизајнот е футуристички, носот исфрлен напред, предните светла се издигнати високо, а вградена е и табла за информации.

Возилото е предвидено за 4 патници, при што предните седишта може да се повлечат и со тоа да обезбедат екстра простор за нозете на задната клупа.
Информациите велат дека LIDAR системот има ултра-високи можности за препознавање на слики со 25,92 милиони точки во секунда ужсо што се препознава целото опкружување на возилото во периметар од 600 метри, што треба да биде доволно за да понуди безбедно возење на роботизираното возило.

За разлика од порано, никој не гледа на овој проект на Geely со потсмев, напротив, врвното раководство на Uber и Waymo, кои исто така се занимаваат со развој на роботакси проектот, се сигурно сериозно загрижени.







