Овој супер спортски кабриолет, кој испорачува моќност од 1.000 коњски сили, не доаѓа од производните погони на Ferrari, Lambo или Maserati.

Се работи за моделот со четири седишта Denza Z, кој во производство ќе оди како купе, кабриолет и спортска верзија за тркачка патека и кој логично има електричен погон.

За оние што не се упатени Denza е автомобилски бренд кој во 2010 година беше основан како заедничко вложување (50:50) помеѓу was founded in 2010 BYD и Daimler AG (сегашен Mercedes-Benz Group) со идеја да се искомбинираат Германскиот инжинеринг со батериите на BYD.
Германците полека се откажаа од своето вложување (во 2021 година, BYD превзема 90% од капиталот, а во 2024, стана комплетен сопственик на компанијата)
Кабриолетот, кој беше прикажан на Саемот за автомобили во Пекинг, е развиен под дизајнерската палка на Волфганг Егер, поранешниот шеф на дизајнот на Audi.
Егер е сега задолжен за дизајнот на Denza, Fang Cheng Bao, и YangWang брендовите.

Моделот Z инаку е главно наменет за Европскиот автомобилски пазар, а подоцна и на други експорт пазари.
Z палетата ќе користи сетап од три електро мотори со погон на сите тркала, кои заедно испорачуваат моќност од 1,000 коњски сили (746 kW).

Инаку, на домашниот, Кинески пазар овој супер автомобил ќе чини нешто над 58.000 долари, што е за дестина пати под цената на било кој европски конкурент во оваа класа на супер спортски автомобили.








