На Саемот за автомобили Auto China 2026, Мерцедес Бенц најави седум премиери на седум модели кои ќе бидат развиени специјално за пазарот во Кина во следните две години.

Овие специјално скроени “кинески” модели ќе се придружат на најагресивната програма на брендот, според која до 2027 година ќе бидат лансирани дури 40 нови модели на Мерцедес во светот.
На Саемот, беше претставен GLC L во две варијанти ексклузивно скроени за Кина, достапни како возило со пет и за прв пат и возило со шест седишта.

Покрај ова, претставени беа и моделите Mercedes‑Maybach S‑Class (прикажан на прв Саем за автомобили), како и CLA 260 L кој го одбележа стартот на продажбата во Кина.

На презентацијата, генералниот директор Ола Калениус, изјави : “Auto China e идеалното место на кое Mercedes‑Benz ќе ја демонстрира нашата стратешка посветеност на Кина, со силна производна супстанца. Нашите премиери наменети исклучиво за Кина покажуваат како ја кроиме технолошата извонредност на локалните преференции на нашите клиенти. Ако гледаме напред, ќе ја продлабочиме нашата локализација во Кина – развивајќи и градејќи повеќе воизила овде, додека засилено ќе ја користиме Кина како извор на иовации за Mercedes‑Benz во целиот свет.”

Погледнете дел од атмосферата на Саемот во Кина.















