Kaј модерните автомобили осветлувањето во ентериерот, но и светлосните мотиви во надворешноста стануваат исклучително битен елмент кај секој бренд.
Како поинаку да ги објасниме светлечките логоа на брендот, светлечките рамки на маските, светлосните линии…
Во оваа приказна се вклучува и BMW кој на својот iX3 направи сериозен светлосен потег на преднаа хауба, на кој може да се движат осум светлосни мотиви (анимации).
Една од тие анимации е и кинескиот “скајлајн” линија на солитери и згради, кои се движат додека тоа го прави и автомобилот.

Притоа светлосната анимација може да биде посуптилна, поблага или да биде поекспресионистичка (зависно од желбата на возачот).

Оваа технологија, не носи ништо значајно во безбедноста или комфорот на возилото, но секако, може да одговори на барањата на технолошки воспитаните понови генерации кои сакаат поинаков дизајн, анимации, мобилни телефони, гаџети и апликации.
Погледнете како изгледа овој интересен BMW iX3 Flow Edition концепт :







