“Запалија” ли царините на Трамп?

261

Според последните информации, Mercedes-Benz сериозно планира, oд следната година да го префрли производството на својот SUV модел GLC, во фабриката Тускалуса во САД.

Токму оваа фабрика, пред два дена, беше избрана за епицентар на светската премиера на четири SUV модели на Mercedes-Benz.

Причината за префрлањето на производството на GLC од Германија во САД е едноставна и се вика – “Царините на Трамп”.

Ако се земе предвид дека Трамп воведе високи царини за сите автомобили што не се произведени во САД и кои сега изнесуваат 15%, како и тоа дека на GLC отпаѓаат 25% од вкупната продажба на Mercedes-Benz во таа земја, како логично решение за овој проблем и губењето пари е да го префрлите производството на тлото на Северна Америка.

Се разбира, префрлањето на производството не е едноставна работа.

Дел од медиумите шпекулираа дека производството на GLC би можело да почне во Тускалуса на крајот од 2027 година, додека генералниот директор на Mercedes-Benz, Ола Калениус, изјави дека според неговите очекувања, тоа би се случило во 2029 година.

За да ја остварат својата цел, потребни се еден куп пари.

Првичните проценки се дека Mercedes-Benz во фабриката во Америка, во која веќе се произведуваат моделите GLE и GLS ќе вложи 4 милијарди долари, со кои се надева дека ќе го зголеми капацитетот на производство од 300 на 340.000 единици.

Повеќе содржини на нашиот сајт :

Реклама