Фантастичната Јапонска кралица на тркала, неодамна прослави 60 години постоење.
Како никој друг автомобил на светот, во своите шест децении се продаде во фантастични 57 милиони примероци, и како што стојат работите, ќе ја има уште долго и уште во многу децении на врвот на светските продажни табели.

Се разбира зборуваме за Тојота Корола, која без никакви дилеми ја заслужува својата титула – најпродаван автомобил на светот.
Од времето на првата Корола, која беше лансирана во 1966 година до денес моделот смени и доживеа 12 генерации и сеуште важи за еден од најквалитетните повеќефункционални семејни автомобили, кој низ годините доживуваше повеќе трансформации и адаптации на нови технологии, со кои остана секогаш во фокусот на вниманието на возачите од целиот свет.
Прегледајте ја целата приказна за Корола во нашата Епизода 10 од Темпо Магазин :
Како течеше приказната за Корола?
Овој атрактивен автообил за прв пат се јавува во раните 60ти години, години на обнова, иновација и нов просперитет во Јапонија. Време кога популацијата во оваа земја доаѓа до 100 милиони, а општествто станува се поотворено за нови идеи и производи.
Во тој период, градовите нагло растат, се зголемуваат предградијата, па поседувањето на автомобил станува потреба и нужност за јапонскитe семејства.
Во тој контекст, Тојота, започнува да ја гради својата идеја да направи нов вид на автомобил, кој ќе обезбеди доверлив транспорт од точка A до точка Б, но истовремено и ќе понуди нешто што ќе биде комфорно, модерно и забавно за возење.
За таа цел Тојота дури отвара и сосема нова фабрика, тоа е фабриката Такаока во Тојота Сити.
Притоа, започнува сериозната проверка и контрола на квалитетот, по која Тојота ќе стане светски пример за тоа како треба да се води производниот процес и како со мерливи алатки, секогаш да тежнее кон подобрување и повисок квалитет.

Првата генерација трае четири години – од 1966 до 1970 година. Првата Корола била претставена на Саемот за автомобили во Токио во 1966 година, и е перцепирана како автомобил наменет за широките народни маси, но и покрај тоа, таа понуди многу повеќе од она на што мас маркетот бил навикнат.
Оригиналната Корола живееше како дво вратен седан, погонуван со 1,2 литарски мотор. Во 1967 година се појави и седан варијанта со четири врати и караванска изведба.

Како револуционерна првата Корола вклучувала елементи непознати за други јапонски автомобили како што биле – четири брзинска мануелна трансмисија поставенана подот, диск сопирачки, безбедносни појаси, двобрзински бришачи на предното стакло.

За само три години. Корола станува и најпродаваниот Јапонски автомобил
Уште во 1967, година Европа го препознава потенцијалот на овој автомобил и ги апсорбира првите примероци на Корола на свое тло.
Втора генерација : 1970 – 1974
Втората генерација се појавува во 1970 година, време на вистински бум на Јапонскиот авто бизнис, а во овој период доаѓа и првиот јубилеј – 1 милион продадени примероци.
Кај втората генерација, која трае до 1974 година се промовира и филозофијата за континуирано унапредување на квалитетот, безбедноста, комфорот и практичноста познато под името Каизен.

И оваа генерација носи значајни иновации како што се ревидираниот систем за суспензија, нови мотори, седишта со интегрирани наслони за главата.
Овде дефакто се појавуваи првата Корола со АМ/ФМ стерео радио, клима уред, бришачо на предното стакло, заклучување на задните седишта како заштита за децата.

Оваа генерација беше одличен комерцијален успех со произведени 2,4 милиони примероци. Се појавува и рвото производствоа на Корола во Португалија, од целосно подготвени производни китови.
Tрета Генерација : 1974 – 1979
Во третата генерација Тојота веќе има сериозно темпо на експорт со околу 300.000 возила продадени надвор од Jапонија.
Во овој модел Тојота го вградува и катализаторот на издувниот лонец, со што се задоволува многу повисоко ниво на заштита на воздухот во контекст на таканаречениот “Toyota Total Clean System”.

За прв пат се користи и процедурата на тестирање во воздушен тунел, со што возилото добива сериозно поефикасна аеродинамика и поаглесто тело.

Третата генерација која доаѓа со нови мотори, повеќе опрема, поквалиетен ентериер и сериозни безбедносни системи на Тојота и носи нови 3,75 милиони продадени единици.
Четврта генерација : 1979 – 1983
Во четвртта генерација Корола во својот фокус ги става подобрата економичност и потрошувачка на гориво како резултат на меѓународната нафтена криза.
Ова е и прватаКорола што воведе дизел мотор со зафатнина од 1,8 литри.
Клиентите добиваат сериозен избор на каросериски изведби и варијанти
Петта генерација : 1983 – 1987
Петтат генерација на Корола своето деби го има во 1983 година. Овојпат таа е фокусирана кон помладата генерација на возачи.
Кај неа за прв пат се употебува компјутерска технологија за да се дизајнира екстериерот на возилото и да се развиваат погонот и контролните системи.

Таа станува достапна со погон на предните тркала, додека оние со погон на задните остануваат достапни за клиентите кои сакаат поспортско возење.

Достапен станува и серво воланот, заедно со централното заклучување, електронски придвижувани прозорци и сончев покрив.
Шеста генерација : 1987 – 1991
Во шестата генерација 1987-1991одина возилото добива на луксуз, комфор и дополнителен квалитет. Достапни се повеќе каросериски модели за да може да сеодговори и на желбите и афинитетите на повеќе категории на купувачи.

И изборот на мотори е богат со шест бензински и еден дизел мотор со моќност од 64 до 145 коњски сили.
Сите модели имаат погон на предните тркала, а на располагање се појавуваат и моделите со погон на сите тркала.

Седма генерација : 1992 – 1995
Во седмата генррација Toyota направи сериозни подобрувања кај својот најпродаван автомобил. Новата генерација е поголема, побрза, побезбедна о питовка од своите претходници, а истовремено таа е и првата Корола, која поприма влијание од луксузниот бренд на Тојота, Лексус кој беше воведен во 1989 година.

Во оваа генерација за прв пат се спојуваат тимовите за развој на погонот и на суспензијата за да работат на тест стазите за постигнување на сериозно подобрување на перфрмансите и нивно прилагодување на преференците на европските возачи.
Практично и седанот очигледно црпи инспирација од моделот Lexus LS 400 лимузина.
А и тркалата се зголемуваат на 14 инчи. Од 1994 година Тојота Корола го добива како стандардна опрема и воздушното перниче за возачот.
Осма генерација: 1995 – 2000
Во својата осма генерација кја тече од 1995 до 2000 година, Toyota прави стратешка одлука да се оддалечи од тактиката да прави и развива глобален автомобил, во новиот правец да први автомобили кои специјално ќе бидат развиени за Европа, со директне инпут на дизајнерските тимови ангажирани од нашиот континент. Оваа генерација значеше и старт на комплетното производство на Корола во и за Европа
Токму затоа следните чекори во развојот на Корола се фокусирани на подобра економичност и помаа емисија на гасови.
Друга значајна сфера на фокусот на тимовите на Тојота е и обидот атомобилот а е направи поедноставен за одржување и сервис, а ова е и првата Корола со сателитска навигација како стандардна опрема.
Девета генерација : 2000 – 2006
Деветата генрација (2000-2026 година) на Корола имаше амбиција да креира нови стандарди за новиот милениум. Особено во Европа е работено на освежување на дизајнот , поставување на нови платформи, нов премиум изглед и висока аеро ефикасност.
Европскиот лајн-ап опфаќаше три и петовратни хечбек автомобили направени во Велика Британија и седан и МПВ – Корола Версо, произведена во Турција. Вклучени се девет погони.
Десета Генерација : 2007 – 2012
10та генерација се водеше под различни имиња на различни пазари. Некаде остана името Корола, а во Јапонија и Европа беше лансирана под името Аурис како три и пет вратен хечбек, додека седанот остана да го носи своето име Корола.

За овој модел беше приметеа една нова стратегија на дизајнот (inside-out) или одвантре кон надвор. Во превод, приоритет беше даден на внатрешниот простор и комфор.
Иницијалниот избор на мотори падна на1,4 и 1,6 литарските VVT-I единици, а врвниот модел беше опремен со 2,2 литарски D-4D дизел мотор.
Безбедносните системи беа на многу повисоко ниво од порано, вклучувајќи ги и воздушните перници за возачот.

Клима уредот, новото серво дел од стандардната опрема.
Во 2010 година Тојота го промовирае и својот Auris Hybrid хечбек, како прво хибридно возило произведено во Европа, направено од Toyota Motor Manufacturing UK
Единаесетта генерација : 2013 – 2018
Corolla, озната како Auris на нашиот континент, влезе во 11та генерација со комплетен редизајн. Со подобрена аеродинамик, тјунирана шасија, со автомобил што испорачува подобар фидбек за возачот.

За прв пат по осмата генерација, во единаесеттата доаѓа повторно моделот Тоуринг Спорт – или караван.

Изборот на мотори е богат од бензински дизел до хибридни мотори.
Дванаесета генерација : 2019 до денес
Полека времепловт не донесе и во 12-тата, сеуште актуелна генерација на Корола, која еше лансирана како хечбек, караван (или sports tourer) и седански модел произведени и понатаму во Велика Британија и во Турција.
Наравена е на новата Toyota New Global Architecture (TNGA) C-платформа, која поентира преку понизок центар на гравитација и поголема ригидност на телото, при што како резултат се добива подобра управливост, одговор на воланот и комфор во возењето.
Воведена и стратегијата на дуален хибрид кајкоја клиентите може да изберат еден од двата хибридни мотори 1.8 или 2.0-литарски хибридни системи, за подобри перформанси.

Од лансирањето до денес, овој модел беше достапен само како хибриден модел во Европа.
Во поглед на дизајнот и стилот, последната генерација на Тојота Корола, има подинамичен изглед за хебекот и караванската изведба, додека седанот дава поголем шмек на луксуз.
Од ансирањето во 2019 година, Европската фамилија на Корола, порасна и го вклопи во себе и модеолот Corolla Cross SUV.
До денес, во Европа се продадени речиси 9,5 милиони примероцишто значи дека во секои 6 Корола модели продадени во целиот свет, една отпѓа на европскиот пазар..

Во чест на чест децениското владеење во светот и Европа, Тојота произведе неколку верзии на својот Хечбек, Туринг Спорт и Седан како специјална едиција со неколку стилски елементи, кои го одбележуваат овој блескав јубилеј на моделот и на брендот, секако.
Овие модели произведени во Велика Британија веднаш се препознаваат по нивната ексклузивна Нова Борал сина металик боја, во контраст споена со кровот и столбовите обоени во црна Night Sky Black боја.
Тука се и специјалните 17 инчни алуминиумски тркала со 10 крака.
Акцентирани се и браниците со нови лајсни во мат сребрена боја.
Во ентериерот ќе го најдете и логото за 60 годишницата.
И седанот роизведен во Турција има свои специфики, како што се репознатливата Lunar Sky Blue боја а име и неколку елемени кои се заеднички со оние кај хечбек и Туринг Спорт јубилејниот модел.













