400 милиони долари за Tesla. Маск ја испорача фактурата?

159
Елон Маск

Во Соединетите Американски Држави се крена голема врева околу одлуката на Владата да порача блиндирани Tesla автомобили во вредност од 400 милиони долари!

Јавноста смета дека оваа одлука е во најмала рака сомнителна, бидејќи сопственикот на Tesla е висок државен службеник кој ја води Комисијата за ефикасност на владата и е близок соработник на претседателот Трамп.

Дали е ова фактурата која Елон Маск ја испорачува на Трамп за отворената поддршка за време на изборната кампања?

По силните критики во јавноста, одлуката за јавната набавка е променета. Избришано е името Tesla, но остануваат параметрите – блиндирани електрични возила, поради што многумина сметаат дека голем дел од буџетот ќе заврши во касата на Маск и на Tesla.

Реклама