Како резултат на царините на Трамп, бавното темпо на прифаќање на електричните автомобили и ниската побарувачка за овој модел, Шведски Volvo ќе го повлече моделот EX30 од пазарот.
Повлекувањето на најефтиниот електричен модел со цена од околу 40.000 долари, се случува само две години по неговото лансирање на пазарот.

Истовремено, EX30 кој испорачува 422 коњски сили ќе продолжи да се нуди во Мексико и Канада.
Архитектурата на EX30 е Кинеска, и истата онаа која се нуди кај Zeekr X, а токму тоа Кинеско потекло, предизвика малиот урбан SUV да го удрат посебно силно царините на Трамп.
Подоцна, Трамп ги укина и даночните субвенции за сите увозни автомобили што дополнително влијаеше на падот на продажбата на овој модел во САД.
Резултатот е јасен – Американците повеќе нема да може да го бираат EX30 за своите урбани патувања.







