Американскиот производител Tesla, според последните информации, поднел документација во Министерството за Индустрија и информации, за да обезбеди дозвола за продажба на Model Y со подолго меѓуоскино растојание.
Покрај зголемените димензии, воведени се и три реда на седишта на кои може да се сместат 6 патници.
Моделот добива дуален мотор со комбинирана моќност од 456 бруто коњски сили.
Сеуште нема информации дали овој модел ќе се нуди и надвор од Кина, но јасно е дека адаптацијата е направена специјално за тој пазар.







