Сообраќаен “дар-мар” по патиштата викендов

94

Според официјалните информации од МВР, изминатиот викенд во Македонија владеел вистински “дар-мар” по патиштата во Македонија.

Биле регистрирани 1.198 сообраќајни прекршоци за кои се издадени платни налози, а лишени од слобода биле 42 лица за безобѕирно управување на возило од кои осум за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 59 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкциониран е и 31 пешак. Исто така санкционирани се 112 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност.

Реклама