Со Hertz, во Америка можете да изнајмите и вакво возило

59

Рент-а-кар компанијата Hertz, објави дека во својата флота во Соединетите Американски Држави ќе го додаде и овој робусен теренец INEOS Grenadier.

Така, сите оние кои имаат авантуристички дух, сигурно нема да имаат ништо против, наместо некој електричен кросовер, седан или мало градско возило, да го изрентаат овој автентичен 4×4 теренец.

Oваа соработка, покрај дополнителната продажба, секако треба да му донесе и на INEOS можност дополнително да се афирмира на Американскиот пазар.

Инаку INEOS Grenadier го користи 3,0 литарскиот мотор на BMW, во бензинска и дизел варијанта.

Каросеријата е директно наддадена врз рамката (шасијата) што го прави тврд, робусен и вистински теренец, направен како алтернатива на класичниот Land Rover Defender.

Реклама