Производителот на мускулести возила oд Сoeдинетите Американски Држави, RAM, кој сега работи и функционира како дел од меѓународната автомобилска групација Стелантис, избра да го претстави својот нов пик ап, комплетно дизајниран и развиен во Бразил, под името Rampage на европската публика, на манифестацијата Fieracavalli 2025 во Италија.

Луѓето од РАМ, на новинарите и избраните вип гости им го претставија новиот Rampage како нов, премиум, компактен пик-ап кој треба да го пополни просторот помеѓу компактните SUV-a и традиционалните пикапи.
Во поглед на димензиите новиот RAM Rampage е долг 5,028 mm, широк 1,886 mm и висок 1,716 mm.
А она што веројатно најмногу ќе ги интересира потенцијалнит еклиенти е волуменот на товарниот пик-ап простор кој изнесува богати 980 литри.

Зависно од клиентите, новиот пикап доаѓа со два мотори. Прв е бензинецот 2.0 Hurricane 4 Turbo Petrol со 272 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm и максимална брзина од 220km/h,
Тука е секако и 2.2 Multijet Turbo Diesel моторот со моќност од 200 коњски сили, вртежен момент од 450 Nm.
Од 0-100 km/h Rampage стигнува за 6.9 секунди.
Сите модели се спарени со 9 степен автоматски менувач со вртливо копче за промена на брзините или педали на воланот, а погонот е секогаш на сите тркала, со можност истиот да се редуцира на погон на две тркала, преку копче сместено во централната конзола.

Пикапот е опремен и со многу опрема, како и со модерен ентериер, голем дисплеј чувствителен на допир и можност за конективност, особено значајни за помладите генерации.







