Q8 e-tron оди во пензија

76

Атрактивниот Audi Q8 e-tron, oди во пензија, бидејќи кон крајот на следниот месец ќе престане производството на овој најголем електричен SUV во гамата на AUDI.

Овој модел беше дел од палетата на автомобили кои се склопуваа во фабриката во Брисел, која оди под клуч, бидејќи VW не успеа да најде заинтересиран купувач со неа.

Со затворањето на фабриката, која работеше околу 75 години без прекин, без работа остануваат околу 3.000 работници, за кои се подготвуваат специјални отпремнини, бонуси и обуки за прекалификација со кои би можеле отпуштените работници полесно да се снајдат на пазарот на труд.

Затварањето на фабриката во Брисел е дел од сериозниот план за реорганизирање на VW Групацијата која предвидува отпуштање на околу 34.000 работници, намалување на производството за 734.000 единици ипрефрлање на дел од производството во странство.

Реклама