Премиера на СОСЕМА НОВАТА КЛАСА на BMW

93

Германските брендови, сосема очекувано, доминираат на Саемот за автомобили во Минхен – IAA Mobility.

Популарниот BMW Group на јавноста и ја претстави, како што самите велат, СОСЕМА НОВАТА КЛАСА автомобили, која треба да послужи како репер за многу други модели во иднина во брендот и надвор од него, новата BMW iX3.

Новиот BMW iX3 е целосно електричен, со ранг од 800 километри во WLTP циклусот, а според Оливер Зипсе, Претседател на Бордот директори во BMW, за само 10 минути полнење, новиот автомобил ќе биде подготвен да помине уште нови 400 километри.

Зарем не е ова – крај на непријатностите и нервозата, кога се работи за рангот и батериите?

Во новиот автомобил е поставен и BMW Panoramic iDrive, кој претставува сосема нова технологија, која ќе стане достапна и кај други модели на BMW, и со кои предното стакло станува едно големо платно за проекција.

Oна што новата технологија ја разликува од стандардните хед ап дисплеи е дека информациите кои се проектираат во долниот дел на предното стакло се видливи за сите патници, не само за возачот.

Големиот број на автоматски системи за асистенција на возачот се тука, не само да му помагаат на возачот, туку да створат и една симбиоза помеѓу човекот и машината за подобро и побезбедно возење.

Реклама