Со денот за новинари, официјално започна Саемот за автомобили IAA во Минхен.
Фокус и главен лајтмотив на овогодишниот Саем ќе биде – Мобилноста, поради што и целата манифестација, на која ќе има многу промоции, премиери и конференции, го носи името – IAA MOBILITY 2025.
Меѓу изложувачите, оваа година, се најде и OPEL кој на домашен терен претстави неколку новитети.
Пред се’ промовиран беше моделот – Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo, кој беше претставен лично и персонално од легендарниот креативен директор (директор на дизајнот) на Opel – Марк Адамс.

Со концептот се спојуваат два света. Оној во реалноста, претставен од бестселерот на брендот – компактната Corsa и оној дигиталниот, во најпознатиот тркачки симулатор на Gran Turismo 7.
Засега, концептот ќе може да се вози само во симулаторот, но истовремено, тој ќе биде моделот кој ќе ги возбуди и спои фановите на брендот, спортското возење и на гејмингот.

Овој автомобил е креиран за да испорача моќност од 588 kW (800 коњски сили), вртежен момент од 800 Nm и да забрзува од 0 дo 100 km/h за само 2 секунди, со максимална брзина од 320 km/h.
Впрочем, ова е концепт, со кој се удираат темелите на идните модели кои ќе го носат знакот GSE.
Ова е концептет автомобил, кој обично не се вози. Тој обично се користи за визуелно да и се претстави на публиката, визијата на брендот за некои идни модели. И тука е вистинската разлика, бидејќи Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo ќе биде достапен и ќе може да го пробаат сите, преку гејминг симулаторот на Gran Turismo 7. Вака ја претстави идејата Ребека Рајнеман, потпретседателката за маркетинг на OPEL.


Во центарот на вниманието беше и Opel Mokka GSE, со која OPEL ја носи рели технологијата на батерии во сериското производство.
Mokka GSE, која ја црпи инспирацијата од рели моделот Оpel Mokka GSE Rally веќе е достапна на јавноста и може да се порача од салоните на брендот.

Свое обраќање на прес конференцијата на OPEL на Саемот во Минхен, имаше и генералниот директор на OPEL – Флориан Хутл.
Како што самиот изјави – “Го менуваме Opel GSE одново и го прилагодуваме за електричното доба и вложуваме се’ во него. Ги подобрувме перформансите и го креваме возното искуство со електрични автомобили на сосема ново ниво.”








