Oва е светскиот вицешампион во продажба на електрични возила

69

Според последните информации кои ги пренесува хрватската Revija HAK, на второ место во светот според продажбата на нови возила на електричен погон, веднаш зад Норвешка, се наоѓа една малку очекувана Азиска земја.

Во Непал, електричните автомобили учествуваат со неверојатни 74% од вкупната продажба во 2025 година и овој податок на земјата и го носи второто место, веднаш зад Норвешка кај која електричните возила имаат маркет шер од 90%.

На овој интересен пазар, главно доминираат автомобилите MG Motor, Tata Motors и BYD.

Причини за овој чуден податок има повеќе. Една од нив е специфичната географија на Непал, со многу планини и високи места на кои е тешко да се доставува редовно гориво, но и поради природата која на оваа земја блиску до Хималаите им подарила многу вода, во земјата се градат многу хидроцентрали, па електричната енергија е во изобилство и е прилично ефтина.

Реклама