Германскиот производител на автомобили од Групацијата Стелантис, објави дека следната сезона (2026/2027) ќе влезе во ABB FIA Formula E Светскиот Шампионат како фабрички тим.
Со ‘Opel GSE Formula E Team’ компанијата планира својата посветеност кон електричниот моторспорт да ја подигне на едно ниво повисоко и дополнително да ги промовира своите електрични GSE модели (кратенка од кованицата – ‘Grand Sport Electric’ ).

Оваа вест пристигна директно од генералниот директор на Opel, Флориан Хутел, како и од генералниот директор на Formula E, Џеф Додс на прес конференција од Шпанскиот тркачки круг во Џарама денес.
Двајцата директори не го криеа своето задоволство од објавената вест. Хутел, затоа што ќе има можност на јавноста да и ги претстави сите можности на неговите GSE модели, а Додс, поради фактот што во ова брзорастечко и ултра популарно натпреварување го внесуваат германскиот бренд со огромно искуство во моторспортот.

Погледнете го промотивното видео :
Повеќе содржини :







