За луксузните брендови на супер автомобили нема криза.
Во изминатата година, брендот испорача 10.747 автомобили, со што трета година по ред се надминува бројката на продадени возила од 10.000.
Од продажбата, Lamborghini направи промет од 3,2 милијарди евра и реализираше оперативен профит од 768 милиони евра.
Со тоа, профитот претставува 24% повраток на продажбата (ROS).
Најголем пазар за Lamborghini останува EMEA (Eвропа, Среден Исток и Африка) со 4.650 продадени единици, следуваат земјите од Америка (3.347) и APAC (Aзија и земјите од Пацификот) со 2.750 продадени автомобили.








