Кога познатиот бренд на спортски, луксузни автомобили ќе направи велосипед… јасно е дека ќе биде пеколно добар и ужасно скап…
Минатата година, ја пренесовме веста дека BMW дизајнираше количка за бебиња која чинеше “солени” 2.000 евра (повеќе на следниот линк).
Но тоа не е ништо ако ја слушнете цената на овој велосипед кој излезе од производствените погони на Bugatti.
Ако сакате да го имате овој карбон фиберски велосипед, со логото на Bugatti, треба да издвоите фантастични 24.000 долари!

Велосипедот го носи името Bugatti Factor One, и е направен во соработка со Factor Bikes од Велика Британија. Oва ексклузивно парче во препознатливите бои на Бугати, ќе биде произведен во ексклузивна серија од само 250 примероци.







