Leapmotor, новиот кинески бренд на автомобили кој се построи во редовите на Групацијата Stellantis (во која влегуваат Peugeot, Citroen, Opel, Alfa Romeo, Fiat, Jeep…) ќе почне да се произведува во фабриката на Стелантис во Сарагоса, Шпанија.
Со тоа, автомобилите на Leapmotor кои досега се увезуваа од Кина, ќе добијат европска преференца и ќе ги намалат давачките и увозните царини на стариот континент. Преку пониските давачки се очекува брендот да добие дополнителна конкурентност и да го засили присуството во Европа.
Според последните информации, во фабриката во Шпанија треба да започне да се произведува моделот B10 од Октомври, а подоцна на истото место може да започне да се склопува и помалиот B05.

Mинатата, 2025 година, брендот Leapmotor успеа да продаде 67,052 автомобили, што претставува пораст од 400%, споредено со претходната година кога беа извезени 13,726 единици.







