Ja добивме новата “тројка” но, на струја

139

За многу фанови на Баварскиот гигант BMW, популарната Серија 3, била најдобриот автомобил кој се стркалал од производните погони на компанијата.

Затоа, и сосема логично, големо внимание привлече промоцијата на новата “тројка” но на електричен погон.

Новиот i3 е првиот електричен автомобил од Серија 3 на BMW што се нуди надвор од Кина и за него можеме да кажеме дека има се’ комплетно ново.

Новата i3 е креирана околу таканаречената Neue Klasse EV архитектура, а во BMW велат дека и верзиите со мотор со внатрешно согорување нема многу да се разликуваат од она што сега го гледаме.

На предницата го имаме новиот визор, со маската и фарови споени во една целина, слично како што беше решен и SUV моделот iX3.

Во задниот дел, светлата остануваат правоаголни и по целата линија на багажникот, со што оддаваат дополнителен впечаток на широчина и пространост.

И ентериерот има прибрано повеќе елементи од SUV моделот iX3, со предниот панел кој се протега по целата должина, а тука е и панорамскиот кров што треба да симболизира слобода, комфор и пространост.

Централниот дисплеј е масивен, со големина од 17.9 инчи и благо свртен кон возачот, а возачот може да добие опционално и 3D head-up дисплеј.

Клучните информации за возачот, стојат во неговото видно поле.

Како електричен автомобил, податоците велат дека со едно полнење со i3 можете да поминете до 900 km, a на брз полнач можете за само 10 минути понење да додадете уште 400 км.

Како и повеќето сериозни EV модели и i3 нуди двонасочно полнење, што значи дека со автомобилот и батеријата можете да ги активирате апаратите од домаќинството, или да вратите енергија назад во електричната мрежа.

Во предниот багажник (frunk) како што се гледа од сликата може само да го спакувате кабелот за полнење и ништо повеќе.

Интегриран во навигацијата и системот кој прецизно ја планира рутата, притоа бирајќи ги патеките по кои можете, ако се движите на подолга рута да застанете и да ја дополните вашата батерија.

Двата мотори комбинирани заедно продуцираат моќност од 463 коњски сили (469 PS / 345 kW) и вртежен момент од 645 Nm.

Производството на i3 започнува овој Август

Реклама