Eвропскиот пазар во Јануари, 2026

78

Ако ги погледнеме статистичките податоци за продажбата на автомобили во Европа, можеме да издвоиме неколку клучни точки.

  • Вкупната продажба на нови возила во Европската Унија, Велика Британија и EFTA земјите (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) во јануари 2026 година падна за 3,5 %, споредено со јануари, 2025 година. Вкупната бројка изнесуваше 961,382 возила.
  • Продажбата на електрични возила порасна за 13,9% и во Јануари оствари маркет шер од 19,3%, што значи дека секој петти автомобил во европските земји бил на струја.
  • Продажбата на плаг-ин хибриди се зголеми за 32,2%
  • Продажбата на бензински мотори се намали за 25,7%, а на дизелите за 22%.
  • Со пораст од 165% и продадени 18,242 автомобили својот сериозен пеќат го стави Кинески BYD со микс на хибридни и електрични возила.
  • Од друга страна падот на Американската Tesla и понатаму трае. Во Јануари беше прокнижен пад од 17.0 проценти на 8,075 продадени примероци. Oвa e 13-ти месец по ред, како се намалува продажбата на овој некогаш револуционерен електричен бренд од САД и кој сега има пазарен уддел од само 0,8%.
  • На групациско ниво, Stellantis порасна за 6,7% на вкупни 164,436 продадени возила.Во исто време брендовите од VW Group со 256,728 продадени автомобили забележаа пад од 3,8%. И Renault Group забележа сериозен пад од 15%, со 83,201 продадени автомобили. Со 43,704 продадени автомобили Mercedes-Benz забележа минимален раст од 2,8%, додека конкурентот BMW Group падна за 8,7%.
Реклама