Фудбалските ѕвезди на Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, во четвртата година од партнерството со Баварската компанија BMW, добија на подарок нови автомобили.
На групната фотографија екипата на Реал позираше покрај моделот BMW iX3, првиот модел во новата генерација на електрични автомобили, за кој луѓето од BMW сметаат дека најдобро одговара и ги спојува спортскиот дух, технологијата и одржливоста.

Сепак, поголемиот број на ѕвезди, почнувајќи од тренерот Чаби Алонсо, до Милитао, Карвахал, Ридигер, Винисиус Жуниор, Марко Аусенсио.. го избраа моделот BMW i7,чија цена почнува од 135.000 евра, а моторот со моќност од 544 коњски сили постигнува максимална брзина од 240 km/h.
За i7 се реши и Францискиот ас Килијан Мбапе, но за возење на својот примерок, ќе треба да почека уште малку, бидејќи Мбапе сеуште нема возачка дозвола.







