Рускиот теренец Lada Niva, отсекогаш будел симпатии во нашиот регион, особено по својата издржливост, виталност, компактност и способност да се справи со сериозно тешки терени.
И веројатно никого нема да изненади фактот дека овој автомобил е еден од најстарите модели кои сеуште одат во сериско производство во светот, уште од далечната 1977 година.

Спортска Lada Niva
И сега, луѓето од Авто ВАЗ на својата миленичка Lada Niva и вбризгаа нова живост, преку моделот Niva Sport Turbo, главно наменетa за рели натпреварувања, со сериозни промени во поглед на перформансите, дизајнот, шасијата.

Надворешно, Niva Sport Turbo има сериозно проширени предни и задни крила, направени за да направат повеќе простор над тркалата.
Браниците напред се челични и потенки, што им дава простор на гумите за поголем клиренс и овозможува полесни и побрзи интервентни поправки на лице место.

Странично, и над кровот поставена е цевка за проток на воздух (како за нуркање), што треба да го олесни дишењето и ладењето во екстремни услови.
Со големите тркала и соодветни гуми, клиренсот од површината е сериозно зголемен на 350 mm.
Многу повеќе сила
Спортската Niva не е само надворешно тјуниран, нашминкан и прилагоден за off-road возење автомобил од сериско производство.
Под хаубата, новата, спортска Niva има 1,6 литарски, четири цилиндерски мотор со турбо полнење и моќност од 276 коњски сили (206 kW) и вртежен момент од 340 Nm.
За споредба, стандардната Niva има мотор со моќност од само 122 кс (91 kW) и вртежен момент од 151 Nm.
Погон на сите тркала
Погонот е на сите тркала, преку шест степен менувач со заклучувачки централен диференцијал.
Шасијата е унапредена со независна суспензија и двојни амортизери на секое тркало, заедно со пореактивни сопирачки дискови од 302 мм.
Своето деби на трките, за кои е направена новата Lada Niva Sport Turbo, ќе го има во Јули, на Релито на Патот на Свилата во Русија.
На крајот, ни останува да ве прашаме – Би сакале ли да ја имате оваа тјунирана и подобрена Niva?







