Целосно електричниот Rеnаult 5 E-Tech ja освои титулата “Автомобил на годината” на четвртиот престижен избор одржан во Лондон.
Во известувањето е потенцирано дека овој автомобил го импресионирал жирито со својата цена, стил и сестраност.
За Англичаните овој автомобил ги спојува минатото, традицијата и иднината, а дополнителен мотив за купување е и цената која изнесува околу 23.000 фунти.
Новата петка е долга 3.920 mm, што ја прави подолга од Fiat 500 и Hyundai i10, но пократка од сестринското Clio за 9 сантиметри.
Особено интересно е што на ова мало возило, му се вградени бандаши од 18 инчи.







