Германскаа групација на автомобили Volkswagen, за прв пат на едно место, а тоа беше Саемот за автомобили во Париз, ги собра своите четири члена на електричното семејство – CUPRA Raval, Volkswagen ID. Polo, Škoda Epiq и Volkswagen ID. Cross.
Семејство на европски автомобили базирани на MEB+ платформата, направени да ги истакнат предностите на автомобилите Mаde in Europe, и кои досега се продадоа во вкупни 150.000 примероци.
Инаку, новите електрични автомобили се произведуваат во двете фабрики на Volkswagen во Mарторел и Памплона, во Шпанија.

Како што велат во Volkswagen, иако четирите модели, поради модуларната структура имаат 80% идентични компоненти, делови и системи, што процесот на развој и производство ги прави побрзо, подинамично и поекономично, сепак, сите четири модели со себе ги носат специфичностите и карактеристиките на брендот под чија значка настапуваат.
Сето ова е дел од големата трансфрмациска акција во која Групацијата вложува десетина милијарди евра, за унапредување на производните капацитети во Шпанија, како де од Иницијативата за иднината и во координација на SEAT & CUPRA, Brand Group Core и PowerCo.
Погледнете ја последната Епизода на Темпо Магазин :













