Храбар, визионерски концепт на Renault

213

Со новиот, храбар концепт наречен R-Space Lab, француската компанија Renault ни дава мало навестување за тоа како ќе изгледа следната генерација на Еspace, еден од 12те модели кои Рено ќе ги лансира во следните четири години со електричен, продолжен и хибриден мотор.

Концептот е долг околу 4,5 метри и висок 1,5 метри.

Иако во Рено велат дека овој концепт нема директно да води кон некој нов сериски модел, сепак во него, како и во сите концепти можеме да насетиме новини кои сигурно ќе се имплементираат и на фабричките производни линии.

R-Space Lab е развиен од Футурама лабораторијата на Рено Групацијата, која има задача да развие паметни автомобили за 2030 година. Она што може да се забележи од прва е  новата модуларна внатрешност со кабина која може да се конфигурира согласно желбите на сопственикот.

Кокпитот е базиран на заоблен панорамски екран кој се протега по целата должина на таблата, а во Рено велат дека клучните функции ќе бидат контролирани природно, како што тоа се прави и со паметен телефон. Од централниот екран чувствителн на допир.

Во ентериерот се гледа и волан спарен со steer-by-wire систем, кој според Рено нуди подобра прегледност и комфор од другите модели на денешницата.

Кај совозачот, предните возушни перничиња и воздушните завеси се вградени во седиштето, кое пак може да се помести назад во вториот ред.

Одзади се сместени три индивидуални седишта со наслони за глава кои се повлекуваат.

Задните врати се отвараат под 90 степени за полесен пристап до кабината.

Концептот има и други елементи од безбедносен аспект, пред се, алкохол детектор базиран на допир и посебен безбедносен асистент или тренер за возење, движен од вештачка интелигенција.

12те нови модели кои ги планира Рено за Европа ќе се фокусираат на  C- и D- сегментитие за мали и поголеми автомобили, и ќе бидат во срцето на планот да се подигне глобалната продажба на брендот на два милиони примероци со половина од нив продадени во Европа.

Реклама