Новите модели на Mercedes-Benz

357

Германскиот гигант од Штутгарт, Мерцедес Бенц, пред неколку дена, во својата фабрика во Тускалуса, Соединетите Американски Држави,  направи сериозна светска премиера на дури 4 нови автомобили.

Фабриката во Америка беше избрана како епицентар на промоцијата, поради тоа што во неа неодамна се склопи 5 милионитиот примерок на Мерцедес Бенц, а веројатно и да се прати една порака дека компанијата сериозно размислува да префрли дел од своето европско производство во Тускалуса.

Според последните најави, покрај најновите промовирани модели на Мерцедес, во Америка ќе се произведува и стратешки важниот SUV модел за американскит пазар, Mercedes-Benz GLC.

Зошто се планира прозводството на GLC во Америка?

Одговорот е едноставен, поради царините на Трамп, кои сериозно ги оштетија финансиските биланси на европските производители на возила, а и поради тоa што дури 25% од вкупната продажба на автомобили од брендот отпаѓаат на ултра популарниот GLC.

Од тие причини раководството на Мерцедес планира да инвестира околу 4 милијарди евра во Американската фабрика, за да ја прилагоди за производството на овој SUV, како и да го зголеми капацитетот на производството од сегашните 300 на околу 340.000 примероци.

Но, да се вратиме на светската премиера.

Што беше презентирано на специјалниот евент предводен од генералнот директор на Мерцедес Бенц, Ола Калениус, во Америка?

Mercedes-Benz GLS

Прво, компанијата го претстави новиот SUV – Mercedes Benz GLS, за кого луѓето во компанијата велат дека е S Класа во нивното SUV портфолио.

Како премиум SUV, тој најдобро треба да ја демонстрира новата порака на Мерцедес : Добредојдовте дома, според која, секој автомобил од оваа марка треба на своите клиенти да им го обезбеди комфорот и пријатноста, исто како да се наоѓаат дома.

Предниот и задниот дел на автомобилот имаат дизајнерски свежувања и поатрактивен изглед.

Во новиот GLS се вградени нови, освежени и поагилни мотори.

Благодарение на вградениот паметен систем E‑ACTIVE BODY CONTROL, возните состојби се анализираат 1.000 пати во секунда, и автоматски ја прилагодуваат суспензијата на автомобилот според патот во кој се движат и начинот на кој се вози. Од компанијата тврдат дека како резултат на овој нов систем, имате чувство дека возилото лебди во воздухот, а вие нема сериозно да почувствувате ниту една грпка или дупка на патот.  

Сите перфроманси на возилото се под константен мониторинг и на Мерцедес Оперативниот систем MB.OS кој ја интегрира секоја функција соодветно и секогаш освежена преку over-the-air апдејти.

За забавата при возењето се грижи стандардниот MBUX Superscreen што се протега по целиот кокпит и со кој трите екрани со големина од 12,3 инчи се поврзани под една стаклена површина кја делува како да гледате во еден огромен екран.

Патниците од задната клупа ги забавуваат два елегантни 11.6 инчни екрани.

Како и во другите премиум автомобили од марката, на возачот му стои на располагање и MBUX Virtual Assistant кој може да прави интелигентни разговори и на патниците да им дава исклучително корисни но и забавни информации.

Во стандардната верзија секој GLS нуди простор за 7 патници и три реда на седишта, а во третиот ред може да патуваат релаксирано и патници со висина до 1,94 метри.

Сите модели може и целосно да се кастимизираат (прилагодат) според желбите на клиентите во Manufaktur Студиото на Мерцедес Бенц.

Сосема логично, возилото е опремено со еден куп безбедносни и системи за помош на возачот.

Mercedes-Benz GLE

Вториот модел, дел од големата светска премиера беше новиот Mercedes Benz GLE.

Моделот кој има исклучителна популарност и се продаде во светот во повеќе милиони примероци.

Во оваа сосема нова верзија на премиум SUV моделот, се сменети или ревидирани повеќе од 3.000 компоненти.

Дизајнот е поагресивен и попрепознатлив. Доминира осветлената ѕвезда во средината, околу која се протега и е осветлена и поголема светлосна рамка.

Веднаш воочливи се и двата хоризонтално поставени ѕвездени мотиви во предните светла.

И овде е вграден интелигентниот Mercedes‑Benz Operating System (MB.OS), кој го прави автомобилот GLE попаметен и поинтуитивен сопатник кој го следи, разбира и еволуира околу возачот и неговите афинитети во возењето.

Ентериерот е изработен од премиум материјали, а за забавата и чувството – Добредојде дома, се грижи и стандардниот MBUX Superscreen, како кај GLS.

И кај GLE се вградени нови поагилни бензински и дизел мотори, кои нудат подобри перформанси и уште подобри својства во поглед на бучавоста, вибрациите и слично.

А тука е и плаг-ин хибридниот модел, кој нуди возење само на струја од околу 106 километри според WLTP циклусот.

И овде можете да си разговарате со агентите на вештачката интелигенција кои се тука да ви ги обезбедат неопходните информации, да ви помогнат да го најдете најдобриот и најбрзиот пат до вашата цел преку системот за навигација, и секако да ви прават друштво ако ви е здодевно.

Она што е интересно за него е и капацитетот за влечење од 3,5 тони, што го прави одличен за влечење на треилер, приколка или глисер на вашите патувања и годишни одмори и авантури.

Mercedes-Benz GLE Coupé

Третиот модел, дел од светската премиера на Мерцедес Бенц во Америка беше и варијацијата на тема – GLE Coupé.

Со нов дизајн на предниот и задниот дел и препознатливата купе линија, која благо се спушта кон задниот дел на автомобилот и се поврзува со новиот спортски спојлер.

За уште поатрактивен спортски дизајн се грижат и новите специјално креирани 20 инчни алуминумски тркала на AMG.

На кровот го имате и транспарентниот дел, еден од најголемите лизгачки панорамски покриви во класата, кој доаѓа како стандардна опрема. Кај него, централниот прозорски дел може електронски да се подигне и потоа придвижи врз задниот стаклен дел што е фиксен.

Со тоа се отвара слободен проток на воздух во натрешноста, доколку времето е топло и пријатно.

И во ентериерот преку елементите на AMG Line Sport Seats пакетот се засилува спортското чувство, кога го возите овој атрактивен спортски модел.

Mercedes-AMG GLE 53

Последни на големата промоција беа двата електрифицирани модели Mercedes-AMG GLE 53 4MATIC+  и GLE 53 HYBRID 4MATIC+

Првиот, благ хибрид со 48 волтна технологија, а вториот 400 волтен плаг-ин хибрид, двата изведени од 3 литарскиот 6 цилиндерски мотор со системска моќност до 585 коњски сили.

Семејството на GLE 53 на Мерцедес Бенц има уште поемотивен дизајн и нова технологија вградена во себе.

Во предниот дел ја распознаваме специјалната AMG  маска, ново дизајнирани вшмукувачи на воздух и карактеристичното ЛЕД осветлување.

И задницата го има тој AMG дизајн со ново обликувани задни светла, со елементи на ѕвезда и типично AMG издувен систем со две издувни цевки.

Ентериерот е спортски, агресивен, како што впрочем им прилега на моделите од AMG.

Реклама