За неплатени казни – канџа на тркалата

94

Во Белгија, особено во Брисел, се подготвуваат нови законски измени, со кои властите имаат намера сериозно да ја зголемат наплатата на сообраќајните казни.

Според официјалната статистика, најлоша е наплатата на казни изречени на странски возачи, и истата се движела околу 10 проценти.

Причината за ова лежи во тоа што Белгија има билатерален договор за наплата на сообраќајни казни само со Франција и Холандија.

Како резултат на неплатени казни, пресметано е дека во последните две години, како резултат на ненаплатени сообраќајни казни, државата изгубила 25 милиони евра.

Затоа, во Белгија, особено во Брисел, се прават законски измени со кои, на детектираните автомобили кои немаат платено сообраќајни пенали, локалните власти ќе имаат право да им постават канџи на тркалата, чие отклучување ќе се случи, откако казната ќе се наплати.

Реклама