VW лансира комбе GTI

42

Volkswagen ja искористи специјалната јубилејна, 50 годишна едиција на Golf GTI, па препознатливиот спортски GTI дизајн го спакува и на популарниот Transporter.

Новата едиција го носи името Sportline и главно трпи интервенции во дизајнот, без притоа да се чепка моќта на моторот.

Новиот Transporter GTI е достапен во класична патничка комби изведба и како товарен фургон.

Transporter Sportline добива нови и спортски 19 инчни тркала, заден спојлер, како и црвена лента на предната маска на која сме навикнати кај Polo GTI и Golf GTI.

Во поглед на погоните клиентите може да изберат дизел, плаг ин хибрид или целосно електрична верзија.

Реклама