Volkswagen испорача два милиони електрични автомобили

53

Германски Volkswagen достигна значајна точка во својата стратегија за електрификација на своето портфолио.

Продадени и испорачани се два милиони електрични автомобили, а токму двомилионитиот примерок е ID.3 произведен во германската фабрика во Цвикау.

Првиот електричен автомобил Volkswagen, e-up! го лансираше во 2013 година.

Во моментов VW е најголемиот производител на електрични автомобили во Германија и Европа, а во вкупната бројка од два милиони примероци најсериозно е учеството на селдните модели.

  • ID.3 (со 628,000 испорачани возила.):  ID.3 беше првиот модел базиран на модуларната погонска матрица (MEB) со што ја одбележа новата страница во ерата на електримобилноста.
  • ID.4 (со 901,000 испорачани примероци ): ID.4 е клучниот модел за порастот на волуменот на електричните автомобили на VW. Покрај Германија и Европските земји, овој автомобил се продава и во Кина и во САД.
  • ID.7 (со 132,000 примероци): Volkswagen го прошири своето портфолио во 2023 година о електричниот салонски автомобил, на кого подоцна му се придружи и караванската изведба (ID.7 Tourer).
Реклама