Откако се утврдило дека во 2024 година, користењето на електрични скутери на места непредвидени за тоа, е директен виновник за околу 2.000 повреди : скршеници на коските на екстремитетите, набивања, гребаници и потреси на мозокот, во Денвер, Колорадо е донесена одлука да се стави ред во овој сегмент од градскиот сообраќај.
Законот помина едногласно, но она што треба да се направи е да се изработи посебен систем со кој, скутерите ќе бидат опремени со посебен систем, кој ќе ја гаси струјата на скутерите кога истите се движат на тротоарите, наменети за пешаци.
За таа цел Одделот за Транспорт на Денвер, веќе работи на обележување на тротоарите, на кои не треба да се движат скутери, а ова обележување ќ биде детектирано од посебен GPS систем вграден во скутерот, кој веднаш, на необележеното место ќе го изгаси скутерот.







