Toyota го претстави новиот електричен Hilux во Европа

61

Јапонскиот производител на автомобили Toyota, го претстави својот најнов пикап камионет – Hilux, кој ја живее својата девета генерација, во електрична верзија на Саемот за автомобили во Брисел.

И тука, во спроведувањето на “зелената” агенда, и развојот во повеќе насоки, нема да застане Тoyota.

Во фабриката се подготвува и варијанта на водороден погон која најверојатно ќе се појави на патиштата и надвор од нив од следната година.

Електричниот модел Hilux EV користи батерија од 59,2 kWh со електромотори на двете оски, што обезбедува погон на сите тркала во сите моменти.

Птредниот електромотор развива обртен момент од 205 Nm, додека задниот 268 Nm.

Вкупниот домет според WLTP стандардите изнесува 258 km.

Вкупната носивост паѓа на 715 kg а влечната сила на само 1.600 kg, што може сериозно да влијае на одлуката за купување на клиентите, кои се навикнати на перформансите на дизелската варијанта од носивост – 1.000 кг и влечна сила до 3.500 кг.

Надворешно, новиот електричен Hilux веднаш ќе го препознаете по предницата кај која предната маска е затворена (без отвори).

Во ентериерот, кај овој неуништлив спартанец, сега добивате два екрани – едниот дигитален инструмент кластер од 12 инчи, и уште толку голем централен екран чувствителен на допир.

Продажбата на новиот Hilux во Европа почнува од втората половина на оваа, 2026 година, а наскоро се очекува официјално да ги сознаеме и цените за него.

Реклама