Брендот Omoda, е дел од семејството на Кинескиот производител Chery, кој полека се пробива низ повеќе европски пазари.
За својата кампања на последниот SUV моделот Omoda 7, за Британскиот пазар беше искористена интересна кампања.
Во првиот спот, беа искористени неколку стотини крзнени, пувкасти мачки, кои уживаат на каросеријата на Omoda 7.
А во вториот, исто така сугестивен спот, во кој требаше да се потенцираат миризбата во моделот, беа искористени стотици килограми цвеќиња.
Во моментов, брендот ги нуди моделите Оmoda 5 и Omoda 9, а најновиот модел 7, беше промовиран овој месец на Модната недела во Лондон.
Во таа цел беше употребена и упте една интересна идеја, Се направи кампања со моделот Дениз Онхона, која е позната како двојничка на популарната супермоделка Кејт Мос.
Беше употребна паролата – Јас не сум супермодел, но овој автомобил дефинитивно е.



За време на Модната недела, многу познати личности беа превезувани во новиот SUV на Omoda.
Инаку, новиот SUV на Omoda е плаг-ин хибрид кој ги спарува бензинскиот мотор од 1,5 литри со батерија од 18.3 kWh. Доволно за да се испорача вкупна моќност од 201 коњски сили, со вртежен момент од 365 Nm.
Се тврди дека помеѓу две точки, со полн резервоар и батерија, автомобилот може да помине 1,126 километри.
Моделот со бензински мотор на Британскиот пазар чини £29,915 (34,121 евра), while the PHEV will start at £32,000 (36,500 евра).











