Според последните податоци објавени од Царинската Управа на Македонија, во 2024 година бележиме сериозен пораст на увозот, а со тоа и продажбата на нови и употребувани автомобили.
Конкретно, во 2024 година увезени се 13.168 нови патнички возила, што претставува пораст на увезените автомобили за огромни 32% (во споредба со 2023 година, кога оваа бројка изнесувала – 9.999 ново увезени возила).
Слична е ситуацијата и кај увезените користени патнички возила, кај кои се бележи пораст на увозот за 25% (41.483 возила во 2024 година, наспроти 33.213 возила во 2023).
И увозот на товарни возила има сличен тренд.
Во 2024 година се увезени 1.411 нови товарни возила / наспроти 1.202 во 2023 година (пораст од 17%). Кај користените товарни возила – 3.164 (во 2024) / наспроти 2.355 (во 2023) што претставува пораст од 34%!







