Голем број на модерните автомобили имаат вградено автоматски старт/стоп систем, што во авто индустријата беше воведен, главно, за да се намали емисијата на CO2 во атмосферата.
Но, технологијата што во основа имаше добри цели, со себе носи и бројни проблеми за моторите.
Системите работат на начин што го исклучуваат автоматски моторот, кога возилото стои во место (на семафор), со што се намалува потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на CO2, но со притисок на педалата за гас, моторот повторно се вклучува.
Овие краткорочни исклучувања / па вклучувања на моторот, го прекинуваат протокот на масло кое ги подмачкува и лади моторните компоненти. Со тоа, сериозно се зголемува трошењето (абење) на моторот и неговите компоненти, се зголемува статичкото триење, се зголемува температурата во моторот и се зголемува формирањето на нечистотии, наслаги и гареж во моторот.
Токму затоа, е неопходно во овие возила да се користат масла со висок квалитет. Особено оние масла кои формираат особено стабилна маслена обвивка (филм) на деловите, отпорна на температура и абење на моторот.
Во тој контекст, се поставува прашањето дали се потребни специјални моторни масла за автомобили со старт/стоп систем.
Според експертите од LIQUI MOLY, не се потребни специјални масла, поинакви од оние кои се користат кај возилата без овој систем. Се што треба да се запази се само стандардите кои ги пропишуваат производителите на возилата.
Производителите на возилата ги пропишуваат стандардите кои моторните масла треба да ги исполнуваат, и секој производител на масла кој ги почитува овие инструкции и стандарди, нема да има проблем да ги препорачува, а клиентите да ги користат тие моторни масла во своето возило.
Според луѓето од LIQUI MOLY, сите производи од палетите TOP TEC, SPECIAL TEC и HIGH TECH, се совршено прилагодени масла за употреба кај возилата со старт/стоп систем.







