Во неодамнешниот пост, констатиравме дека Volkswagen Group, како и поголемиот број на европски автомобилски производители, прикажа генерално лоши резултати од 2025 година.
Во нивниот базен на брендови, особено лоши перформанси покажа Porsche, за кој се вели дека покрај кризата, царините на Трамп, падот на интересот за премиум брендови во Кина и Азија и засилената конкуренција, за своите резултати треба да им се заблагодари на лошото планирање и пресилното форсирање на електрификацијата на своите модели.
Како резултат на лошото проектирање, во брендот мораше да се направи отпис на 3,9 милијарди евра кои директно влијаеа на билансот на успех на компанијата!
Овие проблеми јасно ја наметнуваат потребата за ресетирање на компанијата.

Еден од тие планови беше до 2030 година да се намали бројот на вработени (во компанијата има околу 40.000 работници), за околу 10% или околу 3.900 работници.
Ова намалување беше планирано да се прави на доброволна база, без присилни отпуштања, но како што потенцира Михаил Леитерс, намалувањето на работници мора да се случи, а со него да се намали и бирократијата, хиерархиските слоеви и да се направи компанијата покомпактна и подготвена за брзи одлуки и реакции.
Новата насока, не значи дека ќе се напушти силниот процес на електрификација, но дефинитивно значи и дека компанијата нема да се откаже од своите мотори со внатрешно согорување, особено кај моделот 911.








