Пеколни последици од хакерскиот напад на JLR

92

Приказната, која има потенцијал, целосно да ги смени правилата на игра во економијата и бизнисот, започна овој август.

Како во заплеткан, акциски трилер, сериозна група на хакери го нападнаа компјутерскиот систем на британскиот гигант Јагуар Ленд Ровер, кој работи и функционира под капата на Индискиот бизнис конгломерат ТАТА.

Софистицираниот сајбер напад беше толку силен, што го натера Јагуар Ланд ровер на 01 септември 2025 да ги исклучи своите компјутерски системи.

Тоа значеше и комплетно запирање на производството.

Запрното прозводство значеше и времено замрзнување на работните односи на 30.000 луѓе директно вработени во фабриките на ЈЛР во Велика Британија, и на уште оклу 100.000 работници вработени во околу 5.000  компании подизведувачи или добавувачи во ланецот на овој голем глобален систем.

Системите за порачки на возила кај диерствата исто така беа замрзнати, а времено се загуби и комплетната база на податоци за клиентите

За природата на нападот, кој бргу по првиот удар, го превзема хакерска група на најверојатно млади екстремисти кои добро го владеат англискиот јазик, и кои се сомничат во уште неколку напади од сличен тип на големи корпорации во Британија,  сеуште нема многу детали.

Се претпоставува дека се работи за сајбер напад во кој е побарана сериозна сума на пари како откуп, за да се оспособат повторно компјутерските системи и вратат базите на податоци, што како напад, полесно се решава од вајп аут нападите, кои имаат агресивна и уништувачка моќ и во кои податоците се бришт целосно и неповратно.

Она што веројатно изненадува е што Јагуар и Ленд ровер воопшто немале осигурување за ваков тип на штети, ки според официјалните осигурителникомпании во Британија, во вакви ситуации ги превземаат сие активности за санација – од форензичко истражување на нападот, активности за санирање на штетите, финансиска компензација во случај на запирање на производството, па дури и формирање на тимови за преговори со хакерите за враќање на оштетената ит инфраструктура или база на податоци.

Според последните информации, фабриките на ЈЛР во Британија не беа во функција околу 5 недели, а имајќи ја предвид неделаната динамика на производство од околу 5.000 возила пред тоа, економските модели проектираат неделна загува за фабриката по основ на овој застој во производството од 108 мииони фунти неделно.

За враќањето во живот на производителот на автомобили се погрижи и британската влада која издвои 1,5 милијарди фунти, комерцијален кредит кој Јагуар Л Ровер ќе ги исплаќа во следните пет години, и со кој се настојува да се санираат направените штети од нападот и запреното производство.

Целта на оваа помош, секако е да се зачуваат работните места, пред се.

Направените анализи, пак, велат дека овој напад ќе биде најсериозниот сајбер атак во историјата на Британија, кој локалната економија ќе ја чини најмалку 2,2 милијарди евра.

Реклама