Макаутостар, новиот импортер и сервисер на популарната Италијанска марка на мотoрцикли Ducati и официјално го отвори својот нов сервис за моторциклите од оваа марка.

Сервисот е лоциран во комплексот на Макаутостар, инаку овластен увозник и сервисер и на Mercedes-Benz за нашата земја.
Сервисот е опремен согласно сите препораки на производителот, со комплетниот сет на специјална опрема и алат.

Интересно е што дигалките на сервисот се поставени во застаклена просторија со природна светлина, што не е баш вообичаено за сервиси од овој тип кај нас.
Идејата на луѓето од Макаутостар е со овој премиум сервис да ги привлечат сопствениците на овие моторцикли не само од земјата, туку и пошироко во регионот.







