Компанијата „Мак аутостар“ свечено го отвори својот нов салон за моторцикли Ducati во Скопје, со што и официјално стана ексклузивен дистрибутер за познатиот бренд на мотоцикли Ducati.
На свечената церемонија присуствуваа регионалниот директор на Ducati Герардо Морико, италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери и генералниот директор на „Мак аутостар“ Зоран Марковски.

Салонот, нуди целосна галерија на сите модели на италијанскиот бренд, како и ексклузивни аксесоари и колекции.
Наскоро е предвидено да профункционира врвно технички опремен сервис според највисоките стандарди на Ducati.

Инаку, компанијата Макаутостар е позната во земјата како официјален увозник и дистрибутер за возилата од програмата на Mercedes-Benz и Mitsubishi.








