Ново масло на LIQUI MOLY за возила од Групацијата Stellantis

81

LIQUI MOLY започна со продажба на најновото моторно масло, првенствено наменето за возилата на Stellantis групацијата – Citroën, DS, Fiat, Jeep, Opel, Peugeot како и за возилата на Toyota со бензински и дизел мотори со вградени PSA мотори.

Top Tec 6320 5W-30 ги задоволува стандардите Stellantis FPW9.55535/03 или PSA B71 2290, PSA B71 2297 како и ACEA C3 и API SP.

 “Го додаваме маслото Top Tec 6320 5W-30 на нашата палета на производи за брендовите од Stellantis Group, и со тоа нудиме масло за сите видови на возила.” подвлекува Раинер Шонфелдер, Aпликативен Инжинер во центарот за истражување и развој на LIQUI MOLY.. 

Новото масло е соодветно за бензинските мотори EB2 и за DV5R, DW10F и DW12R дизел моторите направени од 2012 година наваму.  “Многу од овие возила имаат потопен во масло запчест каиш. Како резултат на тоа моторите се подложни на големо трошење и абразија. Оваа нова формула е наменета главно на тоа,” објаснува Рајнер Шонфелдер. “Да се спречи абење (трошење) на запчастиот ремен, битно е да го имаме вистинското масло и да ги почитуваме строгите серрвисни интервали.”

Маслото на LIQUI MOLY со мало ниво на пепел и ниско триење го штити моторот од абење, сречува создавање на гареж и го одржува чист моторот, благодарение на неговите одлични својства на чистење. Ова исто така го спречува пред-палењето на ниски брзини  ( low-speed pre-ignition -LSPI), непосакувано едвремено палење кои може да предизвика непоправлива штета на моторот.

Ова предвремено палење се случува кај модерните бензински мотори со директно вбризгување кои се намалени (компресирани).

Top Tec 6320 5W-30 го штити моторот и обезбедува подлг животен век.

Реклама