Новата генерација на атрактивниот SUV на Opel, Grandland веќе е во Македонија и достапен на нашите купувачи.
Овој автомобил, кој минатата година се закити со титулата – Златен волан 2024, можете да го добиете како целосно електричен, хибриден, плаг ин хибриден модел.
Според официјалниот тест циклус, Grandland Plug-in Hybrid моделот нуди автономија од 897 километри со полн резервоар гориво и полна батерија, при што 87 километри од рангот се должат на струјата.

Експертите од OPEL ја информираа јавноста дека направиле тестирање на Grandland Plug-in Hybrid, во нормални услови на возење, во месец јануари, на дневна температура од 11 степени Целзиусови (официјалното тестирање се врши на температура од 23 степени) и со зимски гуми од 19 инчи. Со просечна брзина од 80 km/h и со полн резервоар и полна батерија успеале да поминат 1.115 километри.
Од овие 1.115 километри, околу третина (околу 380 км), била помината само со струјата од батеријата, што значи дека третина од вкупната делница била помината комплетно на струја и без никакво загадување на воздухот.

Врз база на овие податоци, од OPEL тврдат дека Opel Grandland Plug-in Hybrid е одличен избор на сите физички и правни лица, кои во дневните возења во град и на помали дистанци ќе може да возат само на струја, а притоа со помош на горивото ќе можат и комфорно, без никаков страв да тргнат и на подолги меѓуградски патувања.







