Француски Цитроен, реши да му пркоси на трендот во автоиндустријата и наместо нов SUV или кросовер автомобил, да креира нов, револуционерен и концептен миниван.

Овој проект го носи името ELO.
Концептот од иднината има коцкаст облик, лизгачки врати и големи стаклени површини, а кабината е целосно модуларна.

во неа може да се ротираат предните седишта со што се добива интересен лаунџ, канцеларија, па дури и спална соба за спиење.

На местото на возачот е планирано само едно лице, а воланот е поставен во средината.

Концептот е замислен како целосно електрично возило, а во ентериерот и на возачкото место е поставен футуристички и револуционерен волан со минималистички дисплеј.

Концептот, како и повеќето концепти, не е замислен да оди во сериско производство, но нема дилеми дека одредени елементи од него може да стигнат во производството на некои идни автомобили од марката.







