Нова такси компанија со 50 електрични возила

142

Информацијата дека се отвара нова такси компанија, со нова, комплетно електрифицирана флота од 50 возила на струја, ни доаѓа од Штип.

Компанијата се вика Штип Сити Такси, и истата има модерен пристап, aпликации кои можете да ги превземете на вашиот паметен телефон за порачка и резервирање на такси возило и, очигледно, јасно изразена “зелена” агенда за градот.

Официјалниот старт и презентација на компанијата и автомобилите ќе се организира на 22 ноември на плоштадот во Штип.

Секако, им посакуваме успех.

Реклама