Автосервис Клинчар – Vulco од Неготино е новиот сопственик на целосно автоматизираната машина за чистење и менување на масло во автоматски менувачи од LIQUI MOLY.
Maшината го носи името Gear Tronic III и доаѓа како трета генерација на машините за промена на масло кај автоматски менувачи од LIQUI MOLY.

Инсталацијата и обуката во Неготино беа направени од страна на сопственикот на Астра МС, Бош Кар Сервис од Скопје, Влатко Станковски, кој и самиот ја поседува и користи машината Gear Tronic III.
Машината Gear Tronic III е произведена од производителот на опрема – MАHLE, но сите спецификации и детали во нејзиниот развој беа прецизирани од страна на врвните техничари и експерти на производителот на масла од Германија – LIQUI MOLY.
Машината може да се набави само преку каналите на компанијата од Улм.
Она што ја карактеризира машината Gear Tronic III е што целиот процес е автоматизиран и прилично едноставен.

Пред секоја операција, внесувајќи ги деталите за автомобилот – производител, модел, година на производство и мотор, на дигиталниот дисплеј на машината ги добивате сите потребни детали – кое масло од палетата на LIQUI MOLY треба да го искористите и во која количина.
Преку повеќе фотографии и инструкции, кои се повеќејазични (постои избор на германски, англиски, хрватски јазик…) можете да видите кои конектори треба да ги употребите и каде треба истите да се поврзат со системите во возилото.
Користењето на датабазата и податоците, се бесплатни.

Откако ќе ги поврзете конекторите со машината, преку едноставни операции можете, најпрвин, да започнете со автоматско чистење на менувачот (со посебни адитиви на LIQUI MOLY), а подоцна и со извлекување на старото масло за менувач, чија состојба можете да ја видите преку проѕирен дисплеј во форма на епрувета – позиционирана на предниот дел на машината, во која постојано циркулира маслото.
По завршување на процесот на чистење, машината, од посебен канистер, го повлекува новото масло и започнува да го полни автоматскиот менувач, во количина, дефинирана согласно препораките на производителот на возилото.

Сите операции се автоматски, па мајсторите во сервисот, додека трае циклусот на промена на масло, може да извршуваат други операции, а целата постапка заштедува голем дел од нивното време и енергија.
При секоја нова фаза, или евентуален проблем, Gear Tronic III, дава звучен предупредувачки сигнал и веднаш дава сугестии за чекорите кои водат кон следната постапка.
Повеќе за машината, погледнете на следното видео :
Откако ќе заврши промената на маслото, имате можност да направите и принт аут (да ја испечатите комплетната историја на промената на масло) која може да му ја дадете на вашиот клиент или податоците да ги снимите на usb.
За крај, секако им честитаме на изборот и им посакуваме многу успех на луѓето од Автосервис Клинчар-Vulco во Неготино, кај кои сега можете да се обратите за промена на маслото во автоматски менувачи на тел.078 361 450.








