Audi го најави свеченото откривање на новиот A2 e-tron оваа есен, со што се дополнува нивната понуда со електричен автомобил во компактната класа.
A2 e-tron, ќе се произведува во Инголштад, а од компанијата веќе пуштија тизер (силуета) од изгледот на овој нов електричен автомобил.

Во врска со овој новитет, Жерно Долнер, генералниот директор на Audi изјави “Слушавме. Нашите клиенти сакаат електрична мобилност што ќе импресионира во секојдневниот живот. A2 e-tron е нашето ветување дека ќе го испорачаме токму тоа – ефикасен, компактен и полн со самодоверба. Го правиме влезот во електричниот свет на Audi полесен и порелевантен од било кога.,” изјави Долнер.







